Достапни линкови

Владини мерки за додворување на младите


Архивска фотографија:

Архивска фотографија:

Владата најави низа погодности, пред сè за младите. Дел од аналитичарите сметаат дека владата се фокусира на младите, зашто проценува дека токму тие се најнезадоволни.

Во период од една седмица се најави легализација на марихуаната за медицински цели, стигнаа најави и дека студентите со просек над 9,5 од следната година ќе можат на сметка на државата да патуваат двапати годишно во Париз, Венеција или во Барцелона, а од вчера почна и нов владин проект за младите до 35 години на кои државата ќе им субвенционира купување куќи ако имаат примања до 900 евра за поединец или до 1300 евра за брачните другари.

Најголемиот отпор кон владеење на Никола Груевски најмногу доаѓа од младите и затоа овие мерки кои се носат пред изборите се од таа причина, на некој начин да се искомпензира сето тоа што е пропуштено во минатиот период.

Според Митко Гаџовски, политиколог од Факултетот за општествени науки, ваквите владини мерки се всушност предизборна кампања и тоа специјално наменета за младите.

„Сметам дека сите овие политики коишто се насочени во изминатиов период кон младите лица во Република Македонија се точно испроектирани поради тоа што, според некои истражувања, најголемиот отпор кон владеење на Никола Груевски најмногу доаѓа од младите и затоа овие мерки кои се носат пред изборите се од таа причина, на некој начин да се искомпензира сето тоа што е пропуштено во минатиот период. Апсолутно станува збор за предизборен маркетинг“, вели Гаџовски.

Но, Александар Даштевски од Институтот Евробалкан смета дека ова е, како што вели, само продолжување на владините политики кои во ниту еден случај не требало да се поврзат со изборите во април.

„Сметам дека се работи за континуитет на владините политики кои подолго време се спроведуваат, посебно ова за легализација на марихуаната имаше јавни дебати дали ќе биде тоа добро за Република Македонија и на нив се заклучи дека ќе биде добро, а и другите мерки се од континуитет на политиките кои се спроведуваат неколку години, прво беше за млади брачни парови, па сега продолжува до 35 години така што сметам дека се работи за еден континуитет“, вели Даштевски.

Во меѓувреме на социјалните мрежи веќе започнуваат шеги поврзани со тоа дека до април граѓаните може да побараат што сакаат во следниве месеци па владата да им го овозможи тоа.

„Во периодот којшто следи мислам дека сите категории граѓани ќе го слушнат тоа што сакаат да го слушнат од Никола Груевски без разлика дали е реално остварливо или потребно во моментов дури и неочекувано од негова страна да донесе такви мерки, зашто во изминативе девет години тој носеше политики и мерки кои лично на неговата влада и администрација им одговараа. Мислам дека во периодов што следи сите групи граѓани што ќе побараат нешто од Никола Груевски ќе се согласи да им го оствари“, вели Гаџовски.

Минатиот месец, пак, актуелни беа средбите на Груевски со граѓаните па тој одеше низ Македонија, а во медиумите се јавуваше дека по налог и иницијатива на премиерот десетчлено семејство по 15 години добило стан, а лекот за болен охриѓанец по интервенција на премиерот ќе бил ставен на позитивната листа, што исто така беше толкувано како предизборен маркетинг.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG