Достапни линкови

Северен тек во фокусот на самитот на ЕУ


Северен тек

Северен тек

Лидерите на ЕУ на крајот на дводневниот самит во Брисел ќе разговараат за новиот руски гасовод Северен тек. Изградбата на новиот гасовод е поддржана од Германија бидејќи за двојно ќе го зголеми капацитетот на постојниот Северен тек кој поминува под Балтичкото море и кој испорачува природен гас до земјата и до останатите земји членки на ЕУ.

Но, на проектот силно се противат централните земји членки на ЕУ, како и САД, кои на него гледаат како можност за Русија да ја заобиколи Украина. Капацитетот на новиот Северен тек би бил приближно ист на гасот кој во моментов го испорачува Русија до ЕУ преку Украина.

XS
SM
MD
LG