Достапни линкови

Израел и Турција со договор за нормализација на односите


Израел и Турција постигнале првична согласност за нормализирање на билатералните односи, вклучително и враќање на амбасадорите. Согласноста е постигната на средба во Швајцарија, изјави неименуван израелски претставник. Според првичниот договор Израел ќе формира фонд исплата на отштета на семејствата на десетте Турци, кои беа убиени од страна на израелските командоси при напад на брод на пропалестински активисти, кои се обидоа да ја пробијат израелската блокада на Појасот Газа во 2010 година. Потоа Турција треба да ги повлече сите правни претензии кон Израел.

XS
SM
MD
LG