Достапни линкови

Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица


Добитничката на Нобеловата награда за мир Мајка Тереза која целиот нејзин живот го посвети помагајќи им на најсиромашните ќе биде прогласена за светица во септември идната година. Ватиканскиот весник „Авенире“ објави дека Папата Франциско во четвртокот го одобрил декретот со кој се признава чудото во нејзиното посредување со Господ. Станува збора за заздравување човек кој имал смртна болест на мозокот. Мајка Тереза која почина во 1999 година на 87 годишна возраст беше прогласена за блажена во 2003 година од Папата Јован Павле. Мајка Тереза како Гонџа Бојаџиу е родена во Скопје во 1910 година и им помагаше на сиромашните во Калкута, Индија.

XS
SM
MD
LG