Достапни линкови

logo-print

Четири земји на ЕУ ќе и помогнат на Македонија со бегалците


Четири централно европски земји се подготвени да и помогнат на Македонија да се справи со мигрантите и бегалците. Македонија е дел од таканаречената балканска рута што тие ја користат на нивниот пад до западна Европа. Станува збор за таканаречената Вишеградска група во која членуваат Чешка, Полска, Унгарија и Словачка. Помошта ќе биде координирана од Чешка. Чешкиот министер за внатрешни работи Милан Хованец изјави дека владата во Прага в понеделник ќе решава дали да испрати контингент од 25 полицајци во Македонија и дали да го зголеми контингентот од 20 полицајци кои сега се наоѓаат во Словенија. Тој додаде дека се очекува контингентот да биде распореден во Македонија најдоцна до 1 февруари идната година.

XS
SM
MD
LG