Достапни линкови

Јахјага-Косово е во длабока криза


Косовската претседателка Атифете Јахјага во обраќањето пред Парламентот.

Косовската претседателка Атифете Јахјага порача дека земјата минува низ најкритичниот период на парламентарна демократија и дека е во длабока политичка и морална криза. Според неа, поради тоа се загрозени редот и законот во Косово.

Таа во годишното обраќање пред пратениците истакна и дека годината ја започнала со повик кон граѓаните да не ја напуштаат земјата, а ја завршува повикувајќи ги пратениците да најдат заеднички пат за дијалог и за излез од политичката ситуација.

XS
SM
MD
LG