Достапни линкови

Прекината анкетната за прислушувањето, Ставрески не сведочеше


Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето е прекината. Претседателот на комисијата, Петре Шилегов обвини дека комисијата е претворена во фарса.

На денешната седница требаше да биде сослушан министерот за финансии Зоран Ставрески, кој претходно изјави дека дошол да одговори на прашањата на пратениците. Ставрески побара седницата да биде затворена. Шилегов притоа го повика Ставрески да не се крие од јавноста и да не бега од граѓаните и ги објави прашањата кои ќе му бидат поставени на сослушувањето.

XS
SM
MD
LG