Достапни линкови

Владата со нов проект „Купи куќа за млади“


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска презентираше нов проект на владата „Купи куќа за млади“ со цел обезбедување поддршка за живеалиште на лица до 35 години без оглед на брачниот статус, како и за, како што рече, зголемување на наталитетот. Понудени се два модалитети.

Со првиот модел, како што најави, за кредит до 20 години и максимален износ до 50 илјади евра државата ќе ја субвенционира месечната рата 11 години. Во првите осум години 80 проценти од нејзиниот износ, а во останатите три години 50 проценти. Според Груевски, со вториот модел целосно се субвенционира учеството за кредитот зависно од износот што ќе биде земен.

Барателот на кредит мора да има месечен приход до 900 евра, за поединец, или до 1300 евра за брачни двојки.

Од СДСМ реагираа дека граѓаните и младите знаат оти „мега проект“ на Груевски во изминатите 10 години било неговото лично богатење и бизнисот на фамилијата. Според СДЕМ, сега пред избори и пред заминување Груевски се расфрла со нови лажни, виртуелни проекти. Од партијата нагласуваат дека Груевски единствено може да ја најави својата оставка.

XS
SM
MD
LG