Достапни линкови

Путин не се согласува надворешна сила да одлучува за Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека никогаш нема да се согласи надворешна сила да одлучува за тоа дали Башар ал Асад треба да остане претседател на Сирија и додаде дека кризата во земјата може да биде решена само на политички начин. Тој говорејќи на редовната годишна прес конференција истакна и дека Русија ќе продолжи да се бори во Сирија се додека силите на Асад се борат против милитантите на Исламската држава. Путин нагласи и дека се уште не донел одлука дали Русија треба да воспостави постојана воена база во Сирија.

XS
SM
MD
LG