Достапни линкови

Белата куќа демантира дека ја омекнува позицијата кон Асад


Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека Вашингтон продолжува да инсистира на тоа сирискиот претседател Баша ал Асад да замине од власт и покрај некои сугестии оти го омекнува својот став за ова прашање. Ернст ова го изјави откако американскиот државен секретар Џон Кери во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и со шефот на дипломатија Сергеј Лавров за решавање на граѓанската војна во Сирија. Кери во Москва изјави дека САД и нивните партнери не барале промена на режимот во Сирија. Руски и американски претставници се очекува да им се приклучат на сириските опозициски лидери на разговорите што за утре се најавени во Њујорк.

XS
SM
MD
LG