Достапни линкови

Централната банка на САД ја подигна каматната стапка


Американската Централна Банка ФЕД, за прв пат по скоро десет години, ја подигна референтната каматна стапка, како што и се очекуваше на светскиот пазар. Таа е зголемена за 0,25 насто. Од 2008 година каматната стапка беше држена меѓу нула и 0,25 насто за да се поттикне заздравувањето на стопанството по финансиската криза. Сега каматната стапка ќе биде меѓу 0,25 и 0,50 насто. Монетарниот одбор на ФЕД наведе дека зголемувањето на каматната стапка ќе биде постепено, додавајќи дека до крајот на идната година таа би требало да изнесува околу 1,4 насто. Банката оцени дека годинава значително се подобрила ситуацијата на пазарот и оти инфлацијата ќе изнесува 2 насто.

XS
SM
MD
LG