Достапни линкови

logo-print

Порошенко: Украина ќе ја почитува спогодбата со ЕУ


Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина од 1 јануари ќе почне да ја применува спогодбата за слободна трговија со Европската унија и покрај мерките од Русија. „Подготвени сме да ја платиме цената за слободата и за нашиот европски избор“, изјави Порошенко кој се наоѓа во Брисел на состаноци со претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија Доналд Туск и Жан Клод Јункер. Руските власти вчера соопштија дека ќе ја укинат зоната на слободна трговија со Украина од 1 идниот месец кога стапува во сила трговската спогодба меѓу Киев и Брисел.

XS
SM
MD
LG