Достапни линкови

Напад на ИД на северот на Ирак, исчезнале 70 турски војници


Над 70 турски војници се водат како исчезнати по вчерашниот напад на џихадисти на Исламска држава врз воена база на северот на Ирак, објавија ирачки курдски медиуми. Се наведува дека притоа милитантите истрелале над 300 гранати врз турски камп на подрачјето на градот Башика, околу 23 километри од Мосул, кој е под контрола на ИД. Претходно, медиумите пренесоа дека четворица турски војници добиле полесни повреди во ракетниот напад врз турска воена база на северот на Ирак. Турската база била нападната во рамки на поголемата офанзива на милитантите на ИД врз положби на Курдите северно од Мосул.

XS
SM
MD
LG