Достапни линкови

Шефот на македонската дипломатија Попоски во Атина


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Атина, како што е најавено, треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕиас. Тоа е прва посета на шеф на македонската дипломатија на Атина од 2000-та година. Во пресрет на состанокот, Попоски во интервју за весникот „Катимерини“ рече дека „е дојдено време за изнаоѓање решение за спорот“. Инаку, вчера по реакцијата на премиерот Никола Груевски дека во интервјуто за „Гардијан“ не рекол оти е подготвен на промена на името, британскиот весник го смени насловот. Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24 годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24 годишниот спор со Грција“.

XS
SM
MD
LG