Достапни линкови

Изгласани членовите на ДИК


Собранието на денешната седница со 102 гласови „за“, без „воздржани“ и „против“ ги изгласа членовите на Државната изборна комисија. За претседател на Комисијата е избран Александар Чичаковски, а за потпретседател Реџеп Прекопуца и двајцата од редовите на експертите кои беа договорени на вчерашната лидерска средба во Клубот на пратениците во Скопје.

Членови на Комисијата се и Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, како и Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.

XS
SM
MD
LG