Достапни линкови

Гардијан го смени насловот по реакцијата на Груевски


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Британскиот весник Гардијан го промени насловот на статијата дека Македонија е отворена за промена на името по реакцијата на премиерот Никола Груевски дека такво нешто не изјавил. Според него, тоа се гледало и од самиот текст кај што очигледно станувало збор за новинарски коментар, а не за негова изјава. Сега насловот гласи дека македонскиот премиер е отворен за дијалог за промена на името со што ќе се стави крај на 24 годишниот спор со Грција.

Гардијан претходно објави дека Груевски изразил подготвеност за промена на името на Македонија, со што, како што наведува британскиот весник, ги подгреал надежите за крај на еден од најнеобичните дипломатски спорови во светот. Груевски за весникот изјави и дека сака што побрзо да се започне дијалог со Грција за изнаоѓање на решение за спорот со името. Според него, доколку се најде решение, тоа ќе биде поставено на референдум за граѓаните да го кажат своето мислење.

XS
SM
MD
LG