Достапни линкови

Груевски го коригира Гардијан


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски преку писмена изјава денеска реагира на насловот на статија во британскиот весник Гардијан, каде беше објавено дека Македонија е отворена за промена на името. Тој истакнува дека такво нешто не изјавил и оти ќе реагира до весникот.

Според него, тоа се гледало и од самиот текст кај што очигледно станувало збор за новинарски коментар, а не за негова изјава. Груевски нагласува дека такви провокации имало и ќе има, а очигледно темата за името, како што наведува, станува популарна периодов. Груевски порачува и дека се очекувани такви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда.

Гардијан објави дека Груевски изразил подготвеност за промена на името на Македонија, со што, како што наведува британскиот весник, ги подгреал надежите за крај на еден од нејнеобичните дипломатски спорови во светот. Груевски за весникот изјави дека сака што побрзо да се започне дијалог со Грција за изнаоѓање на решение за спорот со името. Според него, доколку се најде решение, тоа ќе биде поставено на референдум за граѓаните да го кажат своето мислење.

XS
SM
MD
LG