Достапни линкови

Картер во ненајавена посета на Ирак


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер е во ненајавена посета на Багдад каде ќе се сретне со ирачките власти и американските воени команданти со цел да се пронајде начин за интензивирање на борбата против милитантната група Исламска држава.

Картер пред да отпатува за Ирак изјави дека тој ќе се информира за ситуацијата во земјата и начините како да се забрза кампањата за да биде поразена милитантната група. САД во минатиот месец ги најавија плановите за распоредување на американска војска во Ирак со цел да изврши операции против Исламската држава во земјата и во Сирија.

XS
SM
MD
LG