Достапни линкови

Претседателот Иванов во работна посета на Брисел


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска, на покана на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, ќе престојува во работна посета на Брисел. Тој, како што е соопштено од неговиот Кабинет, заедно со претседателот на Србија Томислав Николиќ ќе разговараат со Доналд Туск за актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, како и за интеграцијата на Македонија и регионот во Европската унија. Во делегацијата е и шефот на дипломатијата Никола Попоски.

XS
SM
MD
LG