Достапни линкови

Трамп и натаму против доаѓањето муслимани во САД


Кандидатот на Републиканците за трката за нов американски претседател Доналд Трамп го повтори неговиот повик за забрана на доаѓањето муслимани во Соединетите држави. Овој негов став беше критикуван од другите потенцијални претседателски кандидати на Републиканската партија на дебатата која се одржа синоќа. „Доналд е хаотичен кандидат, а таков ќе биде и како претседател“, изјави поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш кој оцени дека планот на Трамп не бил сериозен. Таквиот предлог, според сенаторот од Флорида Марко Рубио, не може да биде спроведен. „Ние не зборуваме за изолација, туку за нашата безбедност. Не зборуваме за вера туку за безбедност. Нашата земја е надвор од контрола“, оцени Трамп.

XS
SM
MD
LG