Достапни линкови

ОН и официјално ја почнаа трката за нов генерален секретар


Обединетите нации и официјално ја почнаа трката за нов генерален секретар. Притоа, како што јавуваат новинските агенции од Њујорк, Светската организација од 193 членки е охрабрена на оваа функција да биде поставена жена. Во седумдесет годишната историја на ОН, немало жена генерален секретар. Актуелниот генерален секретар Бан Ки Мун кон крајот на идната година треба да замине од функцијата откако отслужи два пет годишни мандата. Оваа функција ротира меѓу регионите, а овој пат на ред е источна Европа. Претседавачот на Генералното собрание Моргенс Лиектофт од Данска изјави дека досега имало двајца кандидати, поранешниот претседавач на Генералното собрание Срѓан Керим од Македонија и шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ.

XS
SM
MD
LG