Достапни линкови

logo-print

ДИК комплетирана, за медиумите ни збор


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Составот на ДИК комплетиран. Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски се членовите експерти. Посредникот Питер Ванхауте нагласи дека има уште многу работа за изборите. На денешната средба не станало збор за медиумите.

По околу три часа разговори во Клубот на пратениците лидерите на четирите партии се договорија кои да бидат тројцата експерти во Државна изборна комисија. Не дадоа изјави туку заеднички усогласено соопштение во кое се наведува дека препорачуваат „парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК.

Се надевам дека ова е почеток на еден голем исчекор бидејќи има уште многу преостаната работа за изборите. Се надевам дека во следните денови ДИК ќе работи на назначување на генерален секретар и другиот преостанат персонал кое е итно потребен да се има добра и функционална ДИК.

„Го покануваме Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо со цел комисијата да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието“, се наведува во заедничката усогласена писмена изјава на Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

По средбата на која присуствуваа и амбасадори на САД и на Европската унија, Џес Бејли и Аиво Орав, посредникот Питер Ванхауте нагласи дека има уште многу работа за изборите.

„Се надевам дека ова е почеток на еден голем исчекор бидејќи има уште многу преостаната работа за изборите. Се надевам дека во следните денови ДИК ќе работи на назначување на генерален секретар и другиот преостанат персонал кое е итно потребен да се има добра и функционална ДИК“, рече Ванхауте.

Со овој договор на лидерите всушност се комплетираше составот на ДИК во кој членуваат Сашо Срцев и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Бедредин Ибраими од ДПА и Субхи Јакупи од ДУИ.

„Ја покануваме Државната изборна комисија да ги донесе неопходните одлуки за прашања како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и високо кфалификуван генерален секретар, за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни постапки врз основа на законските начела, без политичко влијание“, се наведува во заедничката изјава на лидерите кои ги повикуваат и граѓаните да пријават какви било злоупотреби кои ги воочиле до Државната изборна комисија и другите официјални тела, како што е народниот правобранител.

На денешната средба не станало збор за медиумите, прашање кое веќе извесен период е закочено во работните групи.

„Во следните денови ќе продолжиме со разговори за медиуми повторно и некои други прашања што се на агендата и се надевам исто така дека ќе можеме да имаме напредок за тие прашања бидејќи исто така се важни за успешни избори идната година“, рече Ванхауте споменувајќи го Законот за медиуми, Агенцијата за аудиовизуелни услуги, јавниот сервис како и прашањата поврзани со канцеларијата на народниот правобранител, Државна антикорупциска комисија и законот за клевета кој како што нагласи е многу важен за медиумите. Тој додаде и дека краен рок за договор за медиумите нема, но дека се надева оти нештата ќе се решаваат што е можно поскоро. Во однос на оставката на премиерот, што е исто така дел од договорот од Пржино, Ванхауте смета дека тоа ќе се одвива според планот бидејќи било договор меѓу четирите партии нагласувајќи оти верува дека сите ќе го почитувале и ќе се однесувале во согласност со него.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG