Достапни линкови

Прекопуца, Урумов и Чичаковски се новите експерти во ДИК


Седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците го поздравија постигнатиот договор за целосниот состав на ДИК. Тие му препорачаа на Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК.

Воедно партиските лидери го повикаа Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо, со цел ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието. Тие ги повикуваат сите државни институции целосно да ја поддржат ДИК во како што наведуваат, нејзината тешка задача.

По средбата изјава за медиумите даде само белгискиот експерт Питер Ванхауте, кој изрази задоволство од постигнатиот договор и најави дека во следните денови ќе продолжат разговорите на работни групи за реформите во медиумите.

XS
SM
MD
LG