Достапни линкови

Влошена безбедносната состојба во Авганистан


Американскиот командант во НАТО силите во Авганистан, Џон Кембел

Американскиот командант во НАТО силите во Авганистан, Џон Кембел

Пентагон соопшти дека безбедноста во Авганистан драстично се влошила во втората половина на годинава поради поголемиот број на ефективни напади од милитантите при што безбедносните сили претрпеле повеќе жртви. Според извештајот на Пентагон, процентот на жртви е зголемен за 27 отсто од јануари до ноември годинава споредбено со истиот период во минатата година.

Американскиот командант во НАТО силите во Авганистан, Џон Кембел изјави дека во текот на годината се зголемила бројката на милитанти од земјата кои прогласиле лојалност кон милитантната група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG