Достапни линкови

На лидерската средба договорени експертите за ДИК


Во Клубот на пратениците во Скопје само што заврши средбата на лидерите на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи. По средбата ниту еден од партиските лидери не даде изјава за медиумите, туку најавија дека ќе објават заедничко соопштение за договореното. Според досегашните информации на средбата биле договорени имињата на тројцата експерти во Државната изборна комисија, а за медиумските реформи воопшто не станало збор.

На средбата освен партиските лидери присуствуваа и олеснувачот во разговорите, белгискиот експерт Питер Ванхауте, како и амбасадорите на САД и на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

XS
SM
MD
LG