Достапни линкови

Од свински грип умреле 57 лица во Иран


Иранското министерство за здравство соопшти дека уште 15 лица починале од свински грип во последните пет дена со што бројката на смртни случаи се зголеми на 57. Според министерството, околу 900 луѓе биле заразени од вирусот во земјата кој се појави на средината на минатиот месец. Најголем дел од жртвите се од југоисточниот дел на Иран, односно 33 лица починале во покраината Керман, а пет во Систан Балучистан.

XS
SM
MD
LG