Достапни линкови

Се проширува транзитниот центар Табановце


Транзитниот центар Табановце

Транзитниот центар Табановце

Транзитниот центар во Табановце се проширува, а деновиве подигнати се дополнителни три големи шатори кои имаат можност за прием на над 600 беглаци. Раководителот на РЦУК и координатор на транзитниот центар, Горан Стојановски изјави дека во шаторите е обезбеден и систем за затоплување.

Тој најави и дека ќе се постават и нови 11 контејнери, дополнителни два за хуманитарни организации, а еден од нив ќе биде наменет за лица со попреченост и инвалидитет. Според него, наскоро ќе биде поставен и шатор кујна каде што бегалците ќе добиваат топла храна.

XS
SM
MD
LG