Достапни линкови

Во воздушен напад во Сирија убиени десетици цивили


Сириски опозициски набљудувачки групи соопштија дека во воздушните напади врз пазар со гориво во едно село кое е под контрола на бунтовниците во северниот дел на земјата загинале и биле повредени десетици луѓе. Според групите, воздушните напади биле спроведени од страна на руските воени авиони во селото Марат ал Насан.

Од сириската организација за човекови права соопштија дека бројката на жртви од нападот изнесува 35 лица. На пазарот се продава дизел гориво донесено од реоните кои се под контрола на милитантната група Исламска држава.

XS
SM
MD
LG