Достапни линкови

СЈО бара донесување на Законот за јавнообвинителска служба


Дел од јавните обвинители кои го сочинуваат тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Дел од јавните обвинители кои го сочинуваат тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Специјалното јавно обвинителство денеска доставило иницијатива за донесување на Законот за јавнообвинителската служба до Владата и до сите пратеници од Собранието на Македонија. Од обвинителството наведуваат дека не добиле одговор од надлежните институции во врска со донесувањето на законот.

Во иницијативата образложени се причините поради кои е неопходно донесувањето на законот. Во иницијативата наведуваат и дека имајќи ја предвид важноста која Јавното обвинителство ја има за Македонија, како и неопходноста од негово непречено функционирање очекуваат позитивен одговор и носење на законот во итна постапка.

XS
SM
MD
LG