Достапни линкови

ЕУ со предупредување за САД за визниот режим


Дипломатите од земјите членки на ЕУ го предупредија Вашингтон да не ги воведува мерките со кои ќе им се отежни влезот на граѓаните на ЕУ во САД. Амбасадорот на ЕУ во САД, Дејвид О’Саливан најави дека земјата планира да започне биометриска проверка на сите граѓани на ЕУ што де факто ќе преставува воведување на визен режим. Тој ја даде изјавата во име на сите амбасадори на земјите членки на ЕУ во САД.

Претставничкиот дом на САД пред една недела гласаше во полза на законот со кој ќе се зајакнат проверките за граѓаните од ЕУ во земјата и ќе им се забрани влез на оние кои патувале во Ирак, Сирија, Иран или Судан по први март 2011 година.

XS
SM
MD
LG