Достапни линкови

Кулминираа пратеничките кавги и навреди


Комисиите за прислушување и за надворешна политика беа одложени заради неприсуството на поранешниот министер транспорт и врски Миле Јанакиески и шефот на дипломатија Никола Попоски. Јанакиески, исто како и неговите сопартијци Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и Мартин Протуѓер не се појавија иако беа повикани како сведоци во Анкетната комисија во врска со аферата прислушување. Додека пак министерот Попоски требаше да има излагање пред посета на Атина. Ваквата атмосфера повторно беше причина за жестока расправија меѓу пратениците.

Кавгите и навредите на пратениците денеска достигнаа кулминација. Кратката седница на анкетната комисија за аферата прислушување на која не се појави поранешниот министер Миле Јанакиевски во својство на сведок, создаде тензична атмосфера во која пратниците ја искористија за жестока расправа разменувајќи навреди.

Не можам да ви кажам на кои прашања, но она што е веројатно интересно за јавноста сите прашања повразни со бомбите Груевски одби да ги одговори.

„Госпоѓо Владанка, зошто сте имале толку несреќно детство? Што ви правеле кога сте биле мала? Не ли ве научиле? Јас зборувам тука, вие побарајте збор и ќе добиете, почекајте ме да завршам“

Со овие зборови и се обрати претседателот на комисијата Петре Шилегов на пратеничката од мнозинството Владанка Арвировиќ откако таа му упадна во збор. Претходно кон Шилегов биле упатени навреди од мнозинството дека тој е неписмен и не знае да ја води Комисијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараа извинување од Шилегов.

„Ние знаеме дека тој е од различна политичка партија, дека има можеби една нервоза од последните анкети, но сепак да се упатуваат кон некого навреди, психолошки квалификации, какво детство имал некој или каков живот, кој заслужува или не заслужува процедурална интервенција на самата седница е надвор од секое пристојно однесување на секој праеник“, вели пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека тој и неговите колеги се згрозени од таквото однесување.

Шилегов на ова одговори :

„Конкретната пратеничка е задолжена за реметење на редот на работата на анкетана комисија од пратеничката група. Госпоѓата заслужи да добие коментар после три или четири недели после секојдневни дофрлања и навреди кон претседателот на анкетната комисија. Не ми паѓа на памет на таков лик да се извинам.“

Тој додаде дека на претходната седница на која сведочеше Груевски не одговорил на прашања поврзани со објавените содржини на прислушуваните разговори.

„Не можам да ви кажам на кои прашања, но она што е веројатно интересно за јавноста сите прашања повразни со бомбите одби да ги одговори“, рече Шилегов.

Милошоски не знае дали и следната седница закажана за в четврок, а на која е најавено присуство на вицепремиерот Зоран Ставрески ќе биде зад затворени врати.

„Кога има присуство на камери одредени колеги прилично се ставени во искушение за правење на некакви рекламни спотови со нивното однесување. Сметаме дека такво однесување не е потребно ниту за јавноста, ниту за Комисијата“

СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не сака јавноста да ги слушне одговорите на функционерите за содржината на прислушуваните разговори, и тој срам од аферата го прикриваат со нарушување на работата на анкетната комисија со ситни дневни популистички кавги.

Во однос на отсуството на министерот Попоски од Комисијата за надворешни работи, СДСМ вели дека власта има двојни аршни кога станува збор за прашањето околку спорот со името и дека Попоски ја пропуштил приликата во Собранието да ги објасни македонските позиции и да каже што има ново, пред пратениците, кои треба да знаат како Македонија ќе настапи на билатералната средба во Атина.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG