Достапни линкови

Кери се надева на напредок во односите со Русија


Американскиот државен секретар Џон Кери со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Американскиот државен секретар Џон Кери кој е во посета на Москва изјави денеска дека очекува вистински напредок во односите со земјата за време на разговорите со руското раководство за граѓанската војна во Сирија и имплементација на мировниот договор во источна Украина.

Кери пред средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна и дека светот остварува напредок кога моќните нации со долга историја меѓу себе имаат можност да пронајдат заеднички јазик. Според него, двете земји се согласиле дека милитантната група Исламска држава е закана за сите и за секоја земја.

XS
SM
MD
LG