Достапни линкови

Грција очекува Македонија да ги почитува европските вредности


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи, јавија грчките медиуми. Павлопулос пред средбата со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Софија изјавил дека Грција е за европска перспектива, но земјите кои сакаат да се присоединат кон ЕУ мора да научат да ги почитуваат воспоставените европски правила.

Во однос на Македонија, тој истакнал дека двете земји не може да живеат и коегзистираат во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тоа, според него, Македонија мора да го сфати и да го почитува.

XS
SM
MD
LG