Достапни линкови

Груевски- Вистината ќе ја каже народот на изборите


Премиерот Никола Груевски пристигнува на Седница на Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето.

Премиерот Никола Груевски пристигнува на Седница на Анкетна комисија за скандалот со прислушувањето.

Премиерот Никола Груевски по денешното сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето изјави дека сите одговори до сега ги споделил со народот. Според него, вистината што ја бара Анкетната комисија народот ќе ја каже на изборите на 24 април.

Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов изјави дека јавноста била спречена да слушне што ќе каже Груевски. Тој нагласи дека комисијата била торпедирана од Груевски, а ниту прашањата ниту одговорите не биле класифицирани информации и немало потреба тој да бара седницата да биде затворена. Утре пред Анкетната комисија ќе сведочи поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

XS
SM
MD
LG