Достапни линкови

Протест на приврзаници на опозицијата во Косово


Зградата на косовскиот Парламент

Зградата на косовскиот Парламент

Приврзаници на опозицијата денеска одржаа протести пред Парламентот во Приштина. Медиуми јавија дека демонстрантите фрлале камења кон полицијата и црвена боја кон зградата на Парламентот. Тие се собрале откако дознале дека собраниската средба започнала без присуство на опозицијата.

Полицијата и специјалците со здружени сили ги потиснуваат граѓаните кон централниот градски плоштад Мајка Тереза и кон споредните градски улици. Претходно припадници на движењето Самоопределување повторно фрлија солзавец во Парламентот по што беше прекината седницата.

XS
SM
MD
LG