Достапни линкови

logo-print

Контрадемонстрантите засадија дрвца на УКИМ


Со полициско обезбедување и помош од „Македонски шуми“ десетина студенти од ФИНКИ предводени од деканот Иван Чорбев во дворот на кампусот на УКИМ засадија неколку дрвја. Според деканот Чорбев, изградбата на тие две згради е неопходна за подобрување на условите за студентите. Студентите од Студенскиот пленум и невладината младинска организација Мугра, кои денеска го блокираа влезот на Ректоратот, ги повикуваа своите колеги од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура на разговор, бидејќи, како што велат, тие не се против градењето на факултети, туку против начинот на кој тоа се прави и каде тоа се прави. Студентите од ФИНКИ, пак, велат дека нивниот потег не претставува контрапротест, туку солидарност за, како што изјавија, загубата на 47-те садници кои беа исечени во кампусот на УКИМ на локацијата која сега е оградена со тараби и на која е предвидена изградба на двете барокни згради. Тие додаваа дека нивните факултети се во очајна состојба, но пред медиумите не покажаа интерес за разговор и надминување на недоразбирањата со нивните колеги.

XS
SM
MD
LG