Достапни линкови

Апелација ја потврди пресудата за Монструм


Апелациониот суд во Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 за случајот „Монструм“. Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута во јуни минатата година беа осудени на доживотна казна за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Обвинителството тврдеше дека убиството е акт на тероризам со цел да се внесе немир кај македонскиот народ. И по две години од приведувањето на првообвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ во Приштина тие се уште не се екстрадирани во Македонија.

XS
SM
MD
LG