Достапни линкови

Рускиот авион не бил цел на терористички напад?


Остатоци од рускиот авион кој се урна на Синај.

Остатоци од рускиот авион кој се урна на Синај.

Египетските власти соопштија дека го завршиле прелиминарниот извештај за урнувањето на рускиот авион на Синај во октомври при што не е пронајден доказ оти бомба ја предизвикала несреќата. Според извештајот, досега не е пронајдена никаква индикација за нелегална интервенција или терористички акт што би ја предизвикал авионската несреќа во која загинаа сите 224 патници и членови на екипажот. Руските и западните власти соопштија дека несреќата била предизвикана од бомба, а милитантната група Исламска држава ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG