Достапни линкови

logo-print

Анкетна комисија- Јанкулоска не ја сослушаа, се чека Груевски


Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето не го изгласаа дневниот ред на денешната седница, на која требаше да биде сослушувана поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Од присутните, шестмина гласаа „за“, а осуммина беа „против“, додека двајца членови беа отсутни.

Во моментов во тек е координација на која треба да се утврдува начинот на сослушувањето на сведокот Никола Груевски, премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ. Седницата е закажана за 12 часот.

XS
SM
MD
LG