Достапни линкови

Во Франција сепак не победија националистите


Крајно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен на вчерашните избори не успеа да победи во ниту еден од 13 региони во Франција. Тоа е големо разочарување за партијата која водеше во првиот круг и која се надеваше дека победата на овие избори ќе и го отвори патот за победа на претседателските избори.

Вториот круг во кој конзервативците освоија седум, а социјалистите пет региони, не донесе вистинска победа за овие две главни партии кои беа шокирани од порастот на рејтингот на крајните десничари кај разочараните гласачи.

Водени од страхувањето за безбедноста и од миграцијата по терористичките напади во Париз во минатиот месец кога за убивањето на 130 луѓе одговорноста ја презедоа милитантите на Исламската држава, Националниот фронт доби најмногу гласови на првиот круг пред една недела.

Иако оваа партија вчера не победи во ниту еден регион откако социјалистите се повлекоа од трката во клучните региони и побараа од нивните поддржувачи да гласаат за конзервативните Републиканци на поранешниот претседател Никола Саркози, таа забележа рекорден добар резултат во нејзината историја.

Вечерва нема место за олабавување или триумфализам. Сега треба да се покрене длабока дебата за она што ги загрижува Французите кои очекуваат силни и прецизни одговори.

„Вечерва нема место за олабавување или триумфализам“, изјави социјалистичкиот премиер Мануел Валс, додавајќи дека далеку било од тоа оти исчезнала опасноста од екстремната десница.

Сега, како што изјави Валс, треба да се покрене длабока дебата за она што ги загрижува Французите кои очекуваат силни и прецизни одговори.

Ле Пен која се надеваше дека регионалната моќ ќе ја искористи како отскочна даска за нејзините шанси на претседателските избори во 2017 година, загуби со големо мнозинство во северна Франција. Таа доби над 42 насто, по конзервативците кои освоија 57 насто од гласовите.

Долго применуваната стратегија на Народниот фронт да ги привлекува таканаречените протеснигласови, беше променета откако во 2011 година на местото на основачот на партијата Жан Мари Ле Пен дојде неговата ќерка Марин.

Таа својата стратегија ја базираше врз освојување на власта на локално ниво од каде што, пак, може да се претендира за највисоките нивоа на власта.

Иако тоа и донесе голем број гласови, нејзината изолација во француската политика стави до знаење дека таа и натаму не ќе може да смета на сојуз со некоја главна партија.

На југоистокот на Франција каде што по првиот круг водеше внуката на Ле Пен, Марион Марешал, Народниот фронт не успеа да победи.

„Постојат победи од кои се срамат победниците“, изјави таа критикувајќи ја одлуката на социјалистите да се повлечат од вториот круг.

Настрана од проблемите со имиграцијата, кои го зголемуваат рејтингот на националистичките партии не само во Франција туку и во другите европски земји, популарноста на Народниот фронт е и поради длабокото незадоволство меѓу француските гласачи порадинеможноста на претседател Франсоа Оланд да ја намали невработеноста.

Овие регионални избори, беа последни пред претседателски и парламентарни во 2017 година и на нив се гледаше како на тест за нејзините главни претенденти, Оланд, Саркози и Ле Пен.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG