Достапни линкови

Тачи: Владата не прифаќа дијалог со условување


Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи изјави дека опозицијата треба да ја прифати поканата за дијалог бидејќи само преку дијалог може да се најде решение за излез од создадената ситуација. Тој и порача на опозицијата дека Владата не ни помислува да прифати дијалог со условување. „Поканата е да се прекине активност која не е традиција, ни од граѓаните на Косово, ни од косовската политика во изминатите 15,16 години на демократија, затоа сметам дека има простор да се надмине актуелната состојба, изјави Тачи за РТВ 21. Поради несогласувањето со Спогодбата за формирање Асоцијација на српските општини, потпишана во Брисел и договорот за демаркација на границата со Црна Гора, опозициските пратеници ја блокираа работата на парламентот со фрлање солзавец и нереди, при што неколку од пратениците од националистичкото движење „Самоопределување“ се во притвор.

XS
SM
MD
LG