Достапни линкови

Србија отвора две поглавија во преговорите со ЕУ


Србија денеска, скоро две години по официјалното покренување на пристапните преговори со ЕУ, ги отвора првите две од 35 поглавија за членство во Унијата. Вечер во Брисел ќе бидат отворени поглавијата 35 за нормализација на односите со Приштина и 32 за финансиска контрола. На состанокот, меѓу другите, ќе учествуваат српскиот премиер Александар Вучиќ, шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG