Достапни линкови

Реакции на УКИМ и Професорскиот пленум за новите факултети


Професорскиот пленум со соопштение реагираше на сечата на дрвја во дворот на УКИМ во Скопје и плановите за изградба на две нови згради, за потребите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Пленумот ја поздравува одлуката на Владата конечно да се одвојат средства за изградба на згради за овие факултети, но потенцира дека нетранспарентноста на целата процедура околу одлучувањето за локацијата и изгледот на новите факултетски згради, како и игнорирањето на принципот на партиципативност на сите заинтересирани страни доведе до вакво очигледно лошо решение. Претходно Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку соопштение во врска со изградбата на објектите за двата факултета информира дека тие се во состав на Универзитетот и се објекти кои се поврзани со високото образование и дејноста на Универзитетот. Појаснуваат дека изградбата на двата објекта ги надминува финансиските можности на факултетите и на Универзитетот, па од тие причини инвеститор е Република Македонија преку Министерството за образование и наука, а истовремено и земјиштето е во сопственост на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG