Достапни линкови

Турските војници не смеат да патуваат во Русија


Генералштабот на турската армија денеска на припадниците на турските вооружени сили им издаде забрана за патувања во Русија, јавува турската телевизија НТВ. По соборувањето на рускиот бомбардер Су-24, пред три недели, Генералштабот на турската армија донесе серија мерки. Односите меѓу Москва и Анкара се влошија, откако на 24 ноември турскиот Ф-16го собори рускиот авион во близина на турско-сириската граница.

XS
SM
MD
LG