Достапни линкови

logo-print

Турскиот Хуриет мета на вооружени напаѓачи


Непознати сторители вчера вечер извршиле оружен напад врз зградата на весникот Хуриет, еден од најголемите весници во Турција, во Анкара, јавуваат светските медиуми. Напаѓачите од возило во движење испукале неколку куршуми, по што се скршиле неколку прозорци од канцелариите. Засега нема информации за евентуално повредени при нападот, кој се случил доцна во ноќта. Полицијатасоопшти дека трага по напаѓачите и го истражува мотивот за нападот.

XS
SM
MD
LG