Достапни линкови

Втор круг избори во Франција


Во Франција денеска се одржува вториот круг од регионалните избори, откако по првиот круг минатата недела, на првото место се најде радикалната десница Национален фронт, предводен од Марин Ле Пен. Партијата на Ле Пен, во денешниот втор круг има предност во шест региони, републиканците наСаркози во четири, а социјалистите на Оланд во два региона, додека на Корзика во водство е коалицијата на Левите сили.

Според последните испитувања на јавното мислење, „Републиканскиот фронт“ создаден од социјалистите и републиканците на Саркози, се очекува да им се спротивстави на кандидатите на Националниот фронт и наспроти досегашните предвидувања, фронтот може да остане без региони.

Владејачките социјалисти на Франсоа Оланд беа најголемите губитници по првиот круг од регионалните избори. Терористичките напади ги наведоа Французите на вртење кон десницата, а премиерот Мануел Валс предупреди дека нејзина победа може да значи граѓанска војна во Франција.

XS
SM
MD
LG