Достапни линкови

Состанок во Италија за спас на Либија


Американскиот државен секретар Џон Кери ќе се сретне со италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони и со претставници на соседните земји на Либија. Состанокот ќе се оддржи денеска во Рим. Главна тема за разговор ќе биде предлог планот за создавање на национално обединета влада во Либија која ќе побара безбедносна помош за справување со милитантите од Исламската држава.

Либија по соборувањето од власт на Муамер Гадафи се соочи со хаос од кој се уште не може да излезе. Растргната е меѓу меѓународно признатата влада во источниот Тобрук и меѓу исламистичката влада во Триполи, а дополнително се соочува и со безбедносни закани од исламски екстремисти.

XS
SM
MD
LG