Достапни линкови

logo-print

Пакистан се фали со „феноменален успех“


Пакистанската војска соопшти дека постигнала, како што вели, „феноменален успех“ во војната против тероризмот со убиени 3 400 милитанти во последниве 18 месеци. Во соопштението е наведено дека речиси 500 припадници на безбедносните сили загинале откако минатата година стартуваше големата операција во Северен Вазиристан во близина на границата со Авганистан.Операцијата се уште трае, безбедносните сили ги расчистуваат и последните упоришта на бунтовниците. Пакистанската војска за една година открила 837 скривалишта на терористите. Војската ја засили борбата против тероризмот откако минатата година во терористички напад врз училиште во Пешевар загинаа 150 деца.

XS
SM
MD
LG