Достапни линкови

logo-print

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за застојот на преговорите


Macedonia -EU Commissioner Hahn meets leaders of Macedonia's four main parties .

Macedonia -EU Commissioner Hahn meets leaders of Macedonia's four main parties .

Факт е дека преговарачкиот процес е во застој и СДСМ нема да прифати договор заради договор, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев во интервју за Слободен печат. На Македонија и е неопходен беспрекорен предизборен и изборен процес затоа што да не заборавиме, Македонија токму поради криминални избори е во вонредна состојба, изјави Заев. Тој додаде дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ нема да избегаат од договорот од Пржино и дека во Македонија нема да се случат уште едни криминални избори.

Од друга страна пак премиерот Никола Груевски изјави дека СДСМ бараат начин како да се одложат изборите затоа што многу добро знаат дека ќе ги загубат изборите. Груевски вели дека што се однесува до Државната изборна комисија она што не станува збор за кој да се избере кој да не се избере,туку станува збор за максимален, краен очаен обид на СДСМ ова да им биде причина за одложување на изборите коишто знаат дека ќе загубат.

XS
SM
MD
LG