Достапни линкови

Терористички напад во близина на болница во Хомс


Најмалку 15 луѓе загинаа, а 60 се ранети откако автомобил-бомба експлодира во близина на болница во сирискиот град Хомс. Станува збор за две последователни експлозии, втората следувала набрзо по правата кога луѓе се обидувале да им помогнат на жртвите од правата експлозија. Сириската државна телевизија го опиша нападот како „две големи терористички експлозии“, од кои втората се случила неколку минути по првата експлозија на автомобилот-бомба.

Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата во градот во западна Сирија, но се претпоставува дека нападот е организиран и спроведен од припадниците на Исламска држава. Од 2011 година до сега во сирискиот конфликт загинаа над 250 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG